Два супермаркета во Холандија се тешко оштетени во експлозии кои утрово одекнаа во градовите Алсмер и Хесвијк Динтер.

Во инцидентите нема повредени лица, а станарите кои живееле во зградите над продавниците се евакуирани и времено засолнети, пренесуваат холандските медиуми.

Полицијата засега не соопштува дали експлозиите во двата супермаркета се поврзани.

Градоначалникот на Алсмер, Гидо Ауде Коте изрази сомнеж дека станува збор за „терористичко дело“.

– Ова не се случува кај нас. Чудо е како никој не е повреден – истакна Коте.

Тој додаде дека треба да се почекаат резултатите од истрагата, но и дека не би бил изненаден доколку двата случаја се поврзани.