Севернокорејската нуклеарна и ракетна програма не само што останаа недопрени, туку се шират и тестираат за да се спречат евентуални напади, наведоа експерти на ОН во најновиот извештај.

Во документот доставен до Советот за безбедност на ОН, а во кој имале увид неколку светски агенции, се наведува дека Северна Кореја продолжува да ги избегнува санкциите на ОН, меѓу другото и со масовно зголемување на илегален пренос на нафтени деривати и јаглен од брод на брод.

Исто така се наведува и дека продолжува да се крши ембаргото на оружје, луксузни производи и финансиски санкции.