Екрем Имамоглу е победникот на изборите за градоначалник на Истанбул. Според првичните неофицијални резултати, кандидатот на републиканската народна партија освоил 55 отсто од гласовите. На второто место е поранешниот премиер Бинали Јилдирим со 45 отсто од вкупните гласови.

-Упатувам благодарност до нашиот народ, и до моите сограѓани во Истанбул. Пред очите на целиот свет, вие ја заштитивте деморкатската репутација на Турција. Ви благодарам мои сограѓани од Истанбул – изјави Имамоглу.

Kандидатот на владеачката партија за правдата и развојот ги упати своите честитки до Имамоглу.

-Моментално води мојот противкандидат, Екрем Имамоглу. Упатувам честитки до него, и му посакувам успех. Изборите значат демократија. Овие избори уште еднаш покажаа дека демократијата во Турција функционира на најдобар и беспрекорен начин – изјави Јилдирим.

Граѓаните на Истанбул денеска повторно избираа градоначалник, откако претходните изборни резултати од изборите на 31 март беа поништени.