Американските и мекиканските власти сè уште се прашуваат каде познатиот наркобос Хоакин Гузман Ел Чапо ги сокри неговите 12,7 милијарди долари, откако судот во Њујорк одлучи дека толкава е оштетата која лидерот на картелот Синалоа треба да ја плати. Тој неодамна беше осуден на доживотна казна-затвор, објави „Дојче веле“.

Претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор, тврди дека овие пари му припаѓаат на Мексико и покрај фактот што во последните 18 години во таканаречната војна против мафијата, неколку влади во земајта не успеаја да конфискуваат ниту имот, ниту било какви средства на Гузман и неговото земејство.

И владата во САД се соочува со сличен проблем. Тие не успеаја да конфискуваат ниту еден имот на Ел Чапо, поради тоа што не можеа да најдат недвижнини и средства регистрирани на негово име. Експертите сметаат дека Ел Чапо всушност нема 12 милијарди долари и дека ова барање на судот е нереално.

Уште пред пресудата, Белата куќа објави дека има намера парите кои ќе ги конфискува од Ел Чапо ќе ги искористи за финансирање на ѕидот на границата меѓу САД и Мексико. Од друга страна, претседателот на Мексико може да ги искористи овие средства за едногодишно финансирање на целата локална влада во државата.

Како што пишува „Дојче веле“, за сериозните криминалци, вистинскиот пораз не е доживотниот затвор, туку губењето на цело богатство кое го заработиле со криминалните активности.

– Менталитетот на овие луѓе е ваков: додека сум во затвор, моите пари работат за мене надвор од затворот. Јас можеби сум во затвор, но ја обезбедив иднината на моето семејство. Моето име сè уште има моќ, и ова не е неуспех – изјави Роберто Скарпинато, јавен обвинител од Палермо, Италија, кој успеал од 2008 до 2010 да конфискува 5 милијарди од Сицилијанската мафија.

Можеби доказ дека во трага на милијардите на Ел Чапо никогаш нема да влезат властите и од двете држави е и започнувањето на модната линија на неговата ќерка Алехандрина Жизел Гузман Салазар, наречена „Ел Чапо 701“. Таа слободно делува и работи во Мексико, откако беше депортирана од САД во 2012 година.

– Како и со сите други криминални групи, вистинската моќ на картелот Синалоа на Ел Чапо е во економската моќ која им овозможува да ги раководат нелегалните бизниси. Со ова, тие може да ги потплаќаат властите. Гонење на индивидуалци не е доволно за да се сруши нивната економска моќ – изјави Скрапинато за „Дојче веле“.