Австралиските власти соопштија дека во Пацификот се случува еколошка катастрофа каде се насукал голем брод и почнал да испушта нафта.

Нафтата се излева во близина на локација која е под заштита на УНЕСКО, на Соломонските острови.

Според оценка на австралиските власти, повеќе од 80 тони нафта се излеале во морето и на брегот на оваа еколошки чувствутелна област, а повеќе од 660 тони нафта и се уште се наоѓаат на бродот кој плови под знаме на Хонгконг и кој се уште испушта нафта.

Австралиските власти на Соломонските острови денеска соопштија дека снимките направени оваа недела покажуваат дека е малку направено за да се запре истекувањето на нафтата од бродот „Соломон Трејдер“ откако се насука на 5 февруари.