Групата од институтот „Ocean Voyages“, која го чистеше Тихиот Океан, вели дека ова досега е „најголема и најуспешна акција на чистење океан”, пишува Си-ен-ен.

Областа помеѓу Хаваи и Калифорнија е место на најголема концентрација на лебдечки отпад во светот.

Користејќи модерна технологија, како што се сателити и беспилотни летала, оваа група отстрани разни видови ѓубре, како што се шишиња за детергент, пластичен мебел и детски играчки од Тихиот Океан. Исто така, собрана e опрема за риболов или мрежи, од кои една тежеше 5 тони, а другата 8.

Количината на извадениот отпад е еднаква на тежината на околу 24 автомобили или, пак, 6,5 возрасни слонови.