Едно лице било убиено доцна синоќа во Портланд, кога дошло до судири меѓу приврзаници на претседателот Доналд Трамп и демонстранти на движењето „Црните животи значат“.

Не е јасно дали пукањето е поврзано со судирите. „Асошиејтед прес“ пренесува дека жртвата е белец.

– Полицајците од Портланд слушнале истрели. Тие заминале на местото и ја лоцирале жртвата со прострелна рана во градите. Брзата помош реагирала и утврдила дека жртвата починала – соопшти полицијата.

Во Портланд, најголемиот град во Орегон, повеќе од три месеци се одржуваат протести, по смртта на Џорџ Флојд, кој го загуби животот за време на полициското апсење во Минеаполис.