Едно лице загина, а осуммина се повредени откако во текот на ноќата избувнал пожар во болнички комплекс на периферијата од Париз, соопштија денеска локалните власти, пренесува „Ројтерс“.

Пожарот во болницата „Хенри Мондор“ избил доцна синоќа, а бил ставен под контрола рано утрово.

Причината за пожарот сè уште не е утврдена.

– Пожарот во станбен блок во болничкиот комплекс „Хенри Мондор“ сега е под контрола благодарение на интервенцијата на пожарникарите. Со жалење информираме дека едно лице го загуби животот за време на пожарот – напиша на Твитер Мартин Хирш, шеф на јавните болници во Париз.