Кимија Ализаде, врвна атлетичарка и единствена жена освојувачка на олимписки медал од Иран, избега во Европа.

„Ќе започнам со поздрав и збогум“, објави 21-годишната Ализаде на Инстаграм.

– Јас сум една од милиони угнетувани жени во Иран и тие со години си играат со нашите права – додаде таа.

Во 2016 година Ализаде стана првата Иранка што освоила олимписки медал на Олимписките игри во Рио. Таа освои бронза во категоријата теквондо до 57 килограми.

Првите извештаи за нејзиното бегство се појавија во четвртокот, при што некои Иранци сугерираат дека отишла во Холандија. Од нејзиниот статус на Инстаграм, не е јасно во која земја заминала.

Алисаде за бегството кажа дека не сакала да седне на масата со лицемерие, лаги, неправда и ласкање и дека не сакала да учествува во корупцијата и лагите на режимот.