Сокривајќи го ракописот во куповите стара облека под бараките, деновите веднаш по ослободувањето на нацистичкиот логор, пред 75 години, Еди Де Винд го напишал „Последната станица Аушвиц: Мојата приказна за опстанок од кампот“ .

Седумдесет и пет години откако психијарот Еди Де Винд го напишал романот во Аушвиц-Биркенау, книгата ќе биде преведена на англиски, како и на десетина други јазици.

Книгата „Последната станица Аушвиц: Мојата приказна за опстанок од кампот“ беше објавена вчера. Сокривајќи се во стара облека, под бараките, Де Винд ги забележил неговите сведоштва, откако успеал да дојде во посед на тетратка и на молив.

Не знаејќи дали ќе западне во руски, германски или други раце, Еди де Винд, Eвреин со холандско потекло, го користел псеудонимот Ханс Ван Дам. Книгата е компилација од бруталностите во кампот наспроти љубовта на Де Винд кон Фридел, неговата сопруга која била затворена на неколку метри од него во озлогласениот „Блок 10.“

„Последната станица Аушвиц“ за првпат била објавена на холандски јазик во 1946 година, но таа не наишла на голем интерес кај публиката. По смртта на Де Винд во 1987 година, неговото семејството се обидувало да ја објави книгата во поголем тираж и на повеќе јазици.