Брод со 40 мигранти од Африка веќе 11 дена е насукан во близината на брегот на Тунис, а туниските власти не им дозволуваат на луѓето да се симнат на територија на земјата.

Претставник на Црвената полумесечина, Монџи Слим изјави дека туниските власти ги сметаат мигрантите за илегалци и бараат да ги прими некоја друга држава, како Малта или Италија. Бродот е на гребен 20 километри од брегот на Тунис.

– Мигрантите се во лоша состојба. Капетанот одби да прими хуманитарна помош, сметајќи дека така ќе изврши притисок врз туниските власти да дозволат истоварување на брегот, но се уште не е пронајдено решение, изајви Слим.