Едно лице загина, а шест се повредени во насилните протести во иранскиот град Казерун, на југозападот на земјата, јави иранската агенција Фарс, пренесува АП.

Истиот извор наведува дека демонстрантите запалиле полициска станица.
Фарс јави дека „мал број“ демонстранти се собрале синоќа во овој град на 900 километри јужно од Техеран, каде претходно се одржуваа мирни протести против одлуката на локалните власти да поделат одредени делови на градот и да ги спојат за да направат нов град. По тие протести властите ветија дека ќе се откажат од тие планови.

Се наведува дека во Казерун живеат околу 150.000 луѓе и дека тој е дом на племето Кашкај, од кои дел традиционално носат пушки.