Египет го осуди гласањето во турскиот парламент да дозволи распоредување турска војска во Либија.

Министерството за надворешни работи наведе дека распоредувањето на турската војска може негативно да влијае врз стабилноста на Медитеранскиот Регион и ја повика меѓународната заедница итно да одговори на овој потег, пренесува „Ројтерс“.

Турскиот парламент го одобри законот за испраќање турски трупи во Либија. Пратениците ја одобрија иницијативата насочена кон помагање на владата поддржана од САД во Триполи во борбата против силите на Калиф Хафтар, кои спроведуваат офанзива во либискиот главен град.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган минатиот месец рече дека либискиот премиер Фајез Сарај го замолил за помош.

Борбите меѓу меѓународно признатата влада и генералот Калиф Хафтар, кој владее на истокот на земјата, почнаа по соборувањето на долгогодишниот претседател Моамер ал-Гадафи.