Египетското претседателство информираше дека високи претставници на Египет и на Израел разговарале за напорите за заживување на палестинско-израелските мировни преговори, пренесува израелскиот радиодифузер „Кан“.

Во телефонски разговор реализиран вчера, египетскиот претседател Абдел Фатах Ал-Сиси и неговиот израелски колега, Исак Херцог, разговарале за билатералните односи и за теми од заеднички интерес, по што Ал-Сиси му го честитал на Херцог неодамнешното преземање на функцијата.

Во сличен контекст, претседателството објави дека Египет се подготвува да ги продолжи по еврејските празници индиректните контакти меѓу Израел и Хамас во врска со договорот за размена на затвореници.