Егзодусот на мигрантите од Венецуела ја достига критичната точка, што може да се спореди со настаните поврзани со мигрантите на Медитеранот.

Сè поголем број луѓе бегаат пред економскиот колапс и политичките немири во Венецуела, поради што се зголемува заканата дека ќе ги преплават соседните земји.

Претставници на Колумбија, Еквадор и Перу ќе се соберат во Богота следната недела во потрага по решение.

Еквадор и Перу овој месец ги заострија правилата за добивање виза за Венецуелците, барајќи од нив пасоши, а не само лични карти. Истовремено, демонстрантите во Бразил враќаат стотици мигранти преку границата.