Пратениците од Европската унија се подготвуваат овој месец да побараат од европската Агенција за кибер-безбедност и заштита на податоците да спроведат контрола во компанијата „Фејсбук“.

Во нацрт-резолуцијата поднесена денеска до Комитетот за граѓански слободи и правда на Европскиот парламент, „Фејсбук“ е повикан да прифати „целосна и независна ревзиија на својата платформа која истражува заштита на податоците и безбедноста на личните податоци”.

Претседателот на Комитетот за Европскиот парламент, Клод Морес, кој ја подготви резолуцијата, рече дека проверки „мора да се направат”.

– Не само што политиката и акциите на „Фејсбук“ потенцијално ги загрозуваат личните туку и тие имаат влијание врз резултатите од избори и довербата на граѓаните во дигиталните решенија и платформи”, рече Морес.

Комитетот планира да ја усвои резолуцијата до 10 октомври и на крајот на октомври за да го достави до Парламентот, што остава доволно време за изборите на ЕУ во мај 2019 година.