Ситуацијата во Велика Британија, поврзана со брегзит, дополнително ќе се искомплицира в четврток. Скоро два месеци откако земјата требаше да ја напушти Европската Унија, Британците треба да изберат кандидат кој ќе ги претставува во Европскиот Парламент, анализираат од Си-ен-ен.

Според анализите, хаосот ќе биде уште поголем поради фактот што премиерката Тереза Меј не успеа да обезбеди мнозинство за нејзиниот договор за брегзит во британскиот Парламент, а тоа ја принуди земјата да остане членка на ЕУ и да учествува на европските избори. Како што истакануваат оние кои силно го поддржуваат брегзит, ова не личи на независност од ЕУ која Британија ја посакуваше со референдумот.

Европските избори ретко ја претставуваат реалната слика за јавноста во Британија. Но во 2019 година, тие станаа место на кое ќе се одлучува иднината на нацијата. Несогласувањата меѓу поддржувачите на брегзит и оние кои сакаат да го прекинат не стивнуваат уште од 2016 година. Оние кои го поддржуваат останувањето на Британија во ЕУ се охрабрени бидејќи брегзит не се случи, и покрај пробивањето на два негови рокови, надевајќи се дека истото може да се случи и во иднина.

Поддржувачите на брегзит знаат дека деновите на Тереза Меј како премиерка се одброени. Тие го презираа нејзиниот договор уште од првиот ден и сега се возбудени за идејата за нов премиер кој ќе спроведе „тврд“ брегзит, човек кој ќе се соочи со Брисел и конечно ќе го изнесе Обединетото Кралство надвор од Европската Унија без никаков договор.

Двете новоформирани партии кои ќе излезат на европските избори точно го нагласуваат проблемот на Велика Британија. Силниот поддржувач за излез на Британија од Унијата, Најџел Фараж, ја формираше неговата партија Брегзит минатиот месец, а нивната порака е јасна – политичката класа не успеа да ја испорача желбата на мнозинството, по резулатите на најголемата вежба по демократија во историјата на Кралството.

Од друга страна, оние кои се против брегзит често сакаат да ја потсетуваат јавноста за тесниот резултат од референдумот (51,9 отсто „за“ и 48,1 отсто „против“ за напуштање на ЕУ). Велика Британија сега има нова партија Промена за Британија, која поддржува нов референдум и останување во Унијата.

Оваа нов партија, сепак, нема толку силна поддршка како партијата Брегзит. Се проценува дека тие ќе освојат само отсто отсто од гласовите на Европските избори следната недела. Како и да е, либералните демократи кои се останување во Унијата би можеле да бидат пред лабуристите, на второ место пред партијата Брегзит.

Сите овие случувања создаваат услови за големи несогласувања во следните неколку недели. Што и да се случи, малку е веројатно дека политичката клима во Велика Британија ќе се промени. Извесно е дека и Промена за Британија и партијата Брегзит зборуваат за целосна промена на политиката во земјата. Со влегувањето во четвртата година по референдумот за брегзит, фрустрацијата и кај политичарите и кај јавноста е видлива, а сè додека не се реши прашањето со брегзит, јасно е дека ситуацијата секојдневно дополнително ќе се влошува и комплицира.