Според анкетата на „Југов“, која опфати речиси 2.000 фирми, еден од четири британски бизниси добива владина поддршка во споредба со еден од шест во Шпанија и еден од седум во Франција, Германија и во Италија.
Повеќе од две од пет британски фирми (45 отсто) сметаат дека ќе треба најмалку една година за финансиски да закрепнат од полицискиот час поради коронавирусот. Оваа бројка е највисока меѓу испитаните држави во анкетата на „Југов“, покрај тоа што голем дел британски фирми се задоволни од владината поддршка.
Во Шпанија три од пет фирми (59 отсто) сметаат дека треба да отпуштат работници до крајот на годината. Еден од десет бизниси очекува да отпушти половина или повеќе од своите вработени. За споредба, италијанските бизниси најмалку очекуваат отпуштања, но една третина (32 отсто) сè уште очекуваат дека ќе имаат дополнителни отпуштања годинава.
Пандемијата силно ги погоди европските фирми, со тоа што седум од десет (70 отсто) пријавиле намален приход. Владите на испитаните држави соопштија дека ќе обезбедат дополнителна поддршка за работните места во обидот да се спречи невработеноста во вториот бран на вирусот.