Европскиот парламент вечерва даде конечно одобрение на британскиот договор за излегување од Европската Унија обезбедувајќи на тој начин брегзитот да почне в петок, 31 јануари.

Парламентарците го изгласаа договорот со 621 глас „за“ наспроти 49 „против“, а 13 биле воздржани.

Последната официјална етапа треба да се случи утре кога Советот на Европа по писмен пат треба да го усвои договорот по што Велика Британија ќе стане прва земја што ја напуштила Унијата.