Европската унија ќе ги отвори границите за целосно вакцинираните лица, објави денеска агенцијата „Франс прес“ (АФП).

Европската унија се очекува потполно да ги отвори своите граници за целосно вакцинирани до почетокот на јуни.
Поради масовните вакцинации низ земјите-членки на ЕУ, Европската комисија одлучила дека е време да се олеснат мерките за патување.

Но, во случај на нагло влошување на состојбата во некоја од земјите или регионите, тие се подготвени повторно да воведат строги мерки.

Обврската за тестирање на корона пред и по пристигнувањето или карантинот сè уште ќе важат во некои земји-членки, но ЕУ вели дека овие мерки постепено ќе се релаксираат со напредувањето на процесот на вакцинацијата и подобрувањето на состојбата во некои земји.

Лидерите на ЕУ не успеаја да ги финишираат преговорите за воведување на дигиталните т.н. „зелени сертификати“, со кои би започнал планот за витално спасување на претстојната туристичка сезона, но преговорите ќе продолжат утре.

– Членовите на Европскиот парламент, Европската комисија и владите на земјите-членки ќе продолжат со преговорите во четврток – соопштија од португалското претседателство со ЕУ.