Европската комисија ги повика земјите-членки на ЕУ да се обединат во борбата против невработеноста кај младите, која расте од ден на ден за време на корона-кризата. Како што пренесува АП, Европската комисија предлага проширување на тековната програма за гаранција за младите и нивната иднина, која беше воведена во 2013 година. Програмата меѓу другото предвидува на помладите лица, на возраст од 15 до 25 години, во рок од четири месеци по завршувањето на школувањето или од почетокот на невработеноста да им се обезбеди понуда за работа, стажирање или да се вратат на образованието.

Потпретседателот на ЕК, Валдис Домбровскис, предупредува дека за време на пандемијата невработеноста кај младите растеше брзо, побрзо од општата стапка на невработеност. Според него, во моментов невработеноста во ЕУ изнесува 15,4 проценти. Во таа насока, од ЕК доаѓаат предупредувања дека во наредниот период ситуацијата би можела значително да се влоши, односно овие бројки на невработеност може да ги достигнат и оние од 2008 година, кога во некои земји-членки на ЕУ невработеноста кај младите беше дури 50 проценти.