Центарот за потрошувачки избор го објави својот втор индекс за европски железници, според кој во Европа има најголем број железнички станици со најдобри патнички услови, како чистота, пристап до дестинации и голем број платформи за подобра организација на метежот. Импресивната железничка станица во Лајпциг, која истовремено е и трговски центар, беше рангирана на првото место со 116 бода според индексот. Централната станица во Виена, која е релативно нова и беше отворена во 2012 година, се најде на втората позиција со 108 бода.
Станицата „Сент Панкрес“ во Лондон, која е центарот на услугите на „Еуростар“ за континентална Европа, лани беше на првото место, а годинава се најде на третата позиција, со 106 бода. Во железничката станица беа вложени 800 милиони фунти за реновирање, кое заврши во 2008 година и сега може да се пофали со трговски центар, дополнителен објект за меѓуградски автобуси и хотел. Меѓу најдобрите десет станици се вбројуваат уште две од Германија, и тоа оние во Франкфурт и во Минхен.