Полициската агенција на Европската унија денеска потпиша договор за соработка со Европската мрежа за специјални противтерористички единици за интервенција, со што, како што истакна Европол, ќе им се пружи повеќе безбедност на граѓаните на ЕУ.

Според договорот, мрежата Атлас, кој беше создадена после нападите на САД на 11 септември 2001 година, ќе воспостави постојана канцеларија за поддршка во седиштето на Европол во Хаг, која ќе координира обука и развој на специјални средства за единиците.

Претседавачот со Атлас Бернард Трајбенриф изјави дека екстремистичките напади во Париз и подоцна апсењето на осомничените во Белгија ја истакнале важноста за прекугранична соработка меѓу полициите.