Најновата анкета на Евробарометар повторно покажува големи разлики помеѓу земјите-членки, кога од испитаниците се бара да ја оценат економската ситуација во нивните земји. Па, така, граѓаните на Малта, Луксембург и на Холандија се најпозитивни, при што над 90 проценти од испитаниците изјавиле дека ситуацијата е добра. Од друга страна, во Грција, која годинава излезе од програмата за спасување на ЕУ, само шест отсто од испитаниците оцениле дека грчката економија е во добра состојба

Бројот на Европејци што сметаат дека тероризмот е едно од двете најважни прашања со кои се соочува ЕУ е значително намален во изминатите две години. Најновата анкета на Евробарометар покажува дека околу 20 отсто од испитаниците го посочиле тероризмот како најголема закана, во споредба со 44 проценти на почетокот од 2017 година. Главна причина за грижа сега е имиграцијата, која ја навеле дури 40 отсто од испитаниците на европско ниво, пренесува „ЕУ обсервер“. Истовремено, состојбата на јавните финансии на земјите-членки и економската ситуација и натаму високо котираат како причина за загриженост кај граѓаните на ЕУ. Интересно е тоа што е зголемен и процентот на испитаници (16 отсто), за кои климатските промени се еден од двата најголеми предизвици со кои се соочува Унијата. И додека миграцијата е посочена прва речиси во сите 28 земји-членки на ЕУ, околу 46 проценти од шведските испитаници сметаат дека климатските промени се најголема закана. Во Португалија, тероризмот е најчесто споменуван предизвик (35 отсто).

Најновата анкета на Евробарометар повторно покажува големи разлики помеѓу земјите-членки, кога од испитаниците се бара да ја оценат економската ситуација во нивните земји., Па така, граѓаните на Малта, Луксембург и на Холандија се најпозитивни, при што над 90 проценти од испитаниците изјавиле дека ситуацијата е добра. Од друга страна, во Грција, која годинава излезе од програмата за спасување на ЕУ, само шест отсто од испитаниците оцениле дека грчката економија е во добра состојба. Дури 94 проценти од грчките граѓани сметаат дека земјата се наоѓа во лоша економска состојба. Слични ниски нивоа на вреднување на домашната економија се регистрирани и во Хрватска, Шпанија и во Бугарија. Во однос на иднината, околу 44 отсто од испитаниците изјавиле дека „најлошото допрва следува“ кога станува збор за економската криза, а сличен процент оценуваат дека влијанието на кризата врз работните места ја достигна својата кулминација. Франција (67 отсто) и Британија (60 отсто) се меѓу земјите каде што граѓаните очекуваат влошување на кризата и на економската ситуација.