Европскиот Парламент утрово продолжи нормално со работа по вчерашниот напад во центарот на градот.

-По вчерашниот тажен настан, ве информирам дека враќањето во Европскиот Парламент е безбедно и дека нормалните активности продолжуваат- напиша на Твитер портпаролот на ЕП, Хауме Дух.

Европскиот Парламент оваа недела е во пленарен состав во Стразбур. Повеќе стотини пратеници, асистенти, стажанти и новинари го полнат градот секој месец за време на пленарните седници. Зградата на Парламентот синоќа беше затворена, а луѓето спречени да излезат од неа.

Дваесет и девет годишен маж синоќа изврши напад на најголемиот европски Божиќен пазар во центарот на Стразбур, при што загинаа три лица, а 11 се повредени, од кои пет се во животна опасност. Напаѓачот е се уште во бегство.