Најмалку 500 луѓе се евакуирани поради шумски пожари на југот на Шпанија, објавија денеска локалните власти.

Пожарот го зафати градот Естепона во регионот Андалузија, објавија итните служби, пренесе „Ројтерс“.

Околу 250 пожарникари учествуваат во гаснењето на пожарот, објави регионалната влада на Андалузија.

Во соопштението се додава дека карактеристиките на теренот, како и силниот ветер го отежнуваат гаснењето на пожарот.