Над 26.000 луѓе се евакуирани утрово заради отстранување на 1,8 тони тешка бомба останата од Втората светска војна, пронајдена во парк во Падерборн, на западот на Германија.

Заради деактивација на бомбата, властите наредија евакуација во радиус од 1,5 километри. Од тие причини морале да бидат евакуирани пациентите во две болници, како и штитеници во неколку домови за стари лица, универзитетска зграда и делови од историскиот дел на градот.

Над 1.000 волонтери им помагале на пожарникарите, полицијата и итните служби во преместувањето на населението од опасната зона.

Бомбата беше откриена пред повеќе од една недела за време на работи во паркот. Била закопана на длабочина од само 80 сантиметри, што значи дека би можела да предизвика огромни разурнување во случај да била активирана.