Од планинското подрачје во американската сојузна држава Северна Каролина, евакуирани се 2.000 лица поради можно пукање на браната на езерото Тахома, предизвикано од силната бура Алберто.

Евакуацијата беше објавена во вчера вечерта, бидејќи инженерот, кој бил во инспекција, проценил дека браната би можела да попушти.

Браната се наоѓа на 129 километри од градот Шарлот.

Обилните дождови предизвикаа поплави во западниот дел на Северна Каролина, десетици патишта се блокирани поради одрони или поплави.