Повеќе од 15 илјади луѓе вчера биле евакуирани во Хановер, Германија, поради пронајдена бомба од Втората светска војна.

Тие се вратиле во своите домови денеска наутро откако бомбата била деактивирана.

Германските медиуми пренесуваат дека бомбата била тешка 500 килограми, а била пронајдена вчера попладне на градилиште. Во областа каде што била пронајдена бомбата во прекин бил и сообраќајот на подземната железница.

Поради бомбата и евакуацијата откажан е и концертот на британскиот музичар Роџер Хоџсон.