Еден маж загина, а повеќе од милион жители на Јапонија се советувани да ги напуштат своите домови поради тајфун кој е најавено дека ќе ја погоди оваа островска земја.

Мажот загинал кога неговиот автомобил се превртел во источниот дел на Токио, додека четири лица се повредени кога силниот ветер откорнал покриви од домовите. Досега 30.000 домови се оштетени, а 16.000 домаќинства се електрична енергија. Железничкиот сообраќај е прекинат и повеќе од 1.600 летови се откажани.