Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека претседателот Доналд Трамп може да донесе одлука со која би го стопирал гасоводот Северен поток 2.

– Одлуката е во американски раце. Се надевам дека претседателот ќе ја донесе таа одлука, рече Дуда, одговарајќи на новинарско прашање дали постои можност да се стопира тој руски проект.

Дуда, кој претходно се состана со Трамп, вели дека проектот Северен поток 2 нема да им користи на САД, затоа што големо количество на руски гас на европскиот пазар, претставува закана за продажба на американскиот течен природен гас во Европа.