Кина презема мерки со цел да го спречи ширењето на вирусот, меѓу кои спаѓа и користењето на дронови за човечкиот контакт биде минимален, пренесуваат светските медиуми.

Кога пациентите повеќе не треба да одат во аптека, имаат лекови и се лекуваат дома, помала е веројатноста да бидат заразени. Кина сега користи дронови за транспорт на маски за лице и друга медицинска опрема од една до друга болница. Исто така дроновите кои обично се користат за прскање со пестициди сега се пренаменети за дезинфекција на потенцијално заразените области.

Некои од дроновите летаат наоколу предупредувајќи кога луѓето шетаат премногу блиску или ако некој не ја носи задолжителната маска за лице. Посебни дронови можат да ги мерат температурите на луѓето на улица преку инфрацрвени камери. Сè во функција на спречувањето на натамошно ширење на вирусот.