Според „Соник вол“, калифорниската компанија за безбедност на интернет, во последните пет години просечно биле спроведувани околу девет милијарди хакерски обиди и напади со злонамерен софтвер на годишно ниво. Од вкупно 24,6 милиони сајбер-напади што секојдневно се извршуваат, некои од нив се дело на државно спонзорирани хакерски групи, односно сајбер-војници од Русија, Кина, Северна Кореја, Иран, Израел, Велика Британија и од САД. Од јавно познатите државни напади се издвојува „Стакснет“, поточно нападот на иранската нуклеарна програма што се смета за првиот пример за сајбер-војување. Американската група што го разви „Стакснет“ е позната како Оддел за операции за приспособен пристап (ТАО) на Агенцијата за национална безбедност (НСА) во Форд Мид, Мериленд. Сајбер-активностите на ТАО беа разоткриени во 2013 година од страна на Едвард Сноуден, поранешниот системски аналитичар во НСА.