Автомобилите и мотоциклите кои користат бензин или дизел ќе бидат забранети за возење во Амстердам до 2030 година. Градскиот совет планира да ја воведе промената како дел од иницијативата за чистење на загадениот воздух.

– Загадувањето често е тивок убиец и е една од најголемите здравствени опасности – рече советникот задолжен за градскиот сообраќај, Шерон Дијксма, најавувајќи ја одлуката на општината.

Од следната година, на автомобили што користат дизел постари од 15 години ќе им биде забрането да се движат по обиколницата А10 околу главниот град на Холандија. Градските автобуси што испуштаат издувни гасови нема да возат во центарот на градот од 2022 година. До 2025 година, забраната ќе важи и за реквизити кои се користат за активности на вода, мопеди и лесни мопеди.

Градот планира да ги поттикне своите жители да се префрлат на автомобили на струја и водород, нудејќи им станици за полнење на секој сопственик на такво возило. Се надеваат дека пазарот за половни електрични автомобили ќе се развива во наредните години.

Потребни се од 16 илјади до 23 илјади станици за полнење до 2025 година за да се направи овој проект одржлив, со оглед на тоа дека во моментот има само тгри илјади станици во градот. Поради густиот сообраќај во Амстердам, Мастрихт и Ротердам, аерозагадувањето во Холандија ги надминува европските граници на загаден воздух. Постои загриженост дека нивоата на азот диоксид и емисиите на ПМ честички предизвикуваат респираторни заболувања и го скратуваат животниот век на населението.

Во Амстерам од идната година ќе бидат забранети сите дизел возила произведени пред 2005 година.