Околу 40 лица се евакуирани од зграда во близина на седиштето на Европска Унија во Брисел, откако на компанија и била упатена закана за поставена бомба.

Портпаролката на полицијата Илсе Ван де Кире изјави дека заканата е упатена по телефон на една консултантска канцеларија поврзана со Европска Комисија.

Таа истакна дека заканата за поставена бомба сфатена е сериозно.

Поединечни делови од улиците се затворени, а полицијата користи и кучиња трагачи.