Претседателот на САД Доналд Трамп инсталирал симулатор за играње голф во неговите лични одаи во Белата куќа, пренесува „Вашингтон пост“.

Уредот, кој наводно е со вредност од педесет илјади долари, ќе му овозможи на претседателот Трамп да игра виртуелно на најпознатите светски голф терени. Според извештајот, Трамп самиот платил за симулаторот и неговото поставување во Белата куќа.

Системот го заменил постариот и несофистицираниот голф симулатор што бил поставен од страна на претходниот претседател Барак Обама.

Пред да седне во претседателската фотелја, Трамп честопати коментираше дека Обама игра премногу голф за време на неговиот мандат. Тој на Твитер го спомнал играњето на Обама 27 пати од 2012 до 2016 година.

Како и да е, Трамп сега поминува повеќе време играјќи голф во споредба со Обама. Така, Трамп годишно игра околу 70 рунди голф, додека Обама во просек играл околу 38, пренесува „Вашингтон пост“.

Годинава, ова негово хоби беше запоставено од страна на Трамп, а за време на блокадата на Владата, Трамп воопшто не играл голф. Откако блокадата беше завршена, одигра голф рунда со Џек Никлаус и Тајгер Вудс на 2-ри февруари на неговиот Мар-А-Лаго имот.

Според извештајот, Трамп сè уште не го нема испробано симулаторот.