Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал да се сретне со иранските лидери без предуслови, а со цел да разговараат за тоа како да ги подобрат односите откако тој ги повлече САД од иранскиот нуклеарен договор.

– Ако сакаат да се сретнеме, ќе се сретнеме”, рече тој.

Прашан на прес-конференција во Белата куќа дали сака да се сретне со иранскиот претседател Хасан Рохани, Трамп одговори: Би се сретнал со секого. Верувам во средби, особено во случаи кога влогот е војна.

– Несомнено би се сретнал со Иран, ако тие сакаат да се сретнеме, додаде претседателот, истакнувајќи дека не би поставувал предуслови.