Жена замаскирана со руса перика застрела двајца Израелци во популарен ресторан во Мексико Сити, екзекуција за која медиумите шпекулираат дека е нарачана од израелската мафија.

Алон Азулај (41) и Бенјамин Јешурун Сутчи (44), беа застрелани во полн ресторан пред многу луѓе, а Есперанца (33) која ги застрелала се обидела да избега, многу брзо по настанот била уапсена.

Жената за полицијата во Мексико рекла дека станува збор злочин од страс, но тие веруваат во прашање е мафијашка пресметка и нарачана егекузија, во обид за израмнување на сметките меѓу кримианлните банди, информира Би-би-си.

Израелската амбасада во Мексико објави дека и двете убиени лица имале криминално досие и во Израел и во Мексико, додека локалните израелски медиуми тврдат дека Сутчи е многу познато лице во криминалното подземје на земјата на Блискиот Исток.

Полициски извори тврдат дека нема сомненија дека егзекуцијата е нарачана од други Израелци. Сепак, жената која го спроведе двојното убиство твдрдела за полицијата дека ги нападнала мажите поради несогаласување во романтична врска.

Во моментов, мексиканската полиција истражува можна поврзаност со трговија на дрога, оружје и перење на пари, а се верува дека Есперанца соработувала со уште три лица.