Британскиот премиер Борис Џонсон ќе распише избори веднаш по брегзит доколку парламентот изгласа недоверба на неговата влада, објави „Фајненшел тајмс“, повикувајќи се на неименувани блиски соработници на премиерот.

Весникот наведува дека тие очекуваат Џонсон да се соочи со гласање за доверба наскоро откако парламентот ќе почне повторно да заседава по летната пауза.

– Не можеме да го спречиме одржувањето нови избори, но ние го контролираме времето и ќе одредиме датумот на нивното одржување да биде по 31 октомври – наведува изворот, а пренесува „Ројтерс“.