Во австралиското југоисточно крајбрежје, каде дивеат пожари заврна дожд и имаше поблаги временски услови, но во Камбера квалитетот на воздухот и натаму е на животно опасна зона поради чадот предизвикан од околните пожари.

Галериите, музеите, парковите, деловните простори и универзитети во градот се затворени, некои летови се откажани, а квалитетот на воздухот во австралискиот главен град се уште е најлош во светот, според податоците за квалитет на воздухот „Ај Кју Ер Висуала“.

Властите им порачаа на граѓаните да останат во своите домови, бидејќи во центарот на градот индексот за квалитетот на воздухот е 1.400, според податоците на министерството за здравство. Се над 200 се смета за опасно, се додава во извештајот.
Министерството за внатрешни работи, кое е одговорно за координацијата во случај на катастрофа, на граѓаните им порача да останат дома 48 часа поради лошиот квалитет на воздух.

Во најтешко погодениот град Нов јужен Велс беснеат 140 пожари, но сите се на најнизок степен на опасност. Дождот донекаде им олесни на пожарникарите, но не беше доволен за да ги спречи големите и опасни пожари.