Асошиетед прес денеска изрази разочарување бидејќи нивната новинарка од Јемен, Маад ал-Зикри не можеше да присуствува на церемонијата на Универзитетот Колумбија во Њујорк, каде што требаше да му и биде врачена Пулицеровата награда, бидејќи не доби американска виза.

Ал Зикри, Меги Мајкл и Нариман ел Мофти ја добија Пулицеровата награда за известување од Јемен.

Египетските државјани, Мајкл и Ел Мофти присуствуваа на церемонијата затоа што имаа виза.