Германската полиција денеска го приведе диспечерот, кој бил дежурен синоќа во времето кога во јужна Германија се судрија товарен и патнички воз, при што загинаа две лица, а 14 други се повредени.

Несреќата се случи на железничката пруга меѓу градовите Инглоштат и Аугзбург во германската сојузна покраина Баварија.

Диспечерот е приведен под обвинеие за „убиство од невнимние“, откако е утврдено дека судирот е предизвикан од човечки фактор.