Директорот на ЦИА, Вилијам Барнс, го предупреди израелскиот премиер Нафтали Бенет за опасностите од кинеските инвестиции во Израел, особено во ИТ секторот и големите инфраструктурни проекти, пренесува американската информативна веб-страница „Аксиос“.

За време на администрацијата на Трамп, САД предупредија дека понатамошното кинеско вклучување во големите инфраструктурни проекти, како новото пристаниште во Хаифа, може да им наштети на безбедносните односи меѓу САД и Израел, но, според „Аксиос“, владата на поранешниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху го направила приоритет продолжувањето со проектите.

Актуелниот израелски премиер му рече на Барнс дека Израел ја разбира загриженоста на САД, а висок израелски функционер изјавил за „Аксиос“ дека Израел почнал дијалог за Кина со администрацијата на Бајден.

„САД прашаа за конкретни проекти како кинеската вмешаност во метрото во Тел Авив. Ние им кажавме на Американците дека американските инфраструктурни компании се добредојдени да работат на големи проекти во Израел, но тие не се пријавуваат на тендерите,” вели тој.

Во меѓувреме, Мира Ресник од американскиот Стејт департмент посочи дека САД се свесни оти нивните партнери и сојузници на Блискиот Исток имаат трговски односи со Кина немаат проблем со тоа, нагласи дека „постои одреден вид на соработка со Кина со која не се согласуваме.”

Се очекува Израел во наредните месеци да одржи повеќе разговори со САД за ова прашање.