Се стравува дека по снежната лавина на северот на Русија, пет лица, меѓу кои и две деца, се заробени под снегот.

Претставник на прес-службата на руското Министерство за вонредни состојби за агенцијата Тасс изјави дека снежните врнежи ја погодиле областа на ски-центарот Гора Отделнаја во 20.30 часот по московско време.
Во лавината се затрупани пет куќи, во кои останале зарабени цели семејства.