Децата во прифатниот центар во Рукбан во Сирија, во кој екстремистичките групи со поддршка на САД под присила држат бегалци, поради катастрофалната состојба, немаат шанси да преживеат, соопштија шефовите на руско-сирискиот штаб за меѓународна соработка, Михаил Мизничев и Хусеин Махлуф.

– Состојбата во центарот и натаму е катастрофална, луѓето мораат да преживуваат во најсурови услови, соочувајќи се со екстремистичкото насилство секој ден. Децата најмногу страдаат. Земајќи ги предвид недостигот на храна и лекови, како и ужасните санитарни услови и ширењето заразни болести, бебињата имаат мали шанси да преживеат- се наведува во заедничкото соопштение на Мизничев и Махлуф.

Тие додаваат дека најчести жртви се децата помали од две години, кои умираат речиси секој ден.