Машина зa правење вештачки бранови во аквапарк во северниот дел на Кина се расипа и направи цунами во кое се повредени најмалку 44 лица.

Официјални лица во аквапаркот „Шуијун“ изјавија дека машината за бранови била расипана и дека работникот кој управувал со истата не бил пијан, како што првично соопштиле некои локални медиуми.

Видеото споделено на социјалните медиуми го прикажува моментот кога машината создала огромен бран, претворајќи го релаксирачкото попладне во базенот во кошмар со крикови на ужас од возрасни и деца, пренесува агенцијата „АП“.

Некои пливачи бранот ги исфрлил од водата на плочникот околу базенот.