Руските власти денеска итно евакуираа жителите на повеќе од 10 села во регионот Рјазањ, откако избувна пожар во складиште за муниција.

Чад ја прекрил целата област околу тие десет села, објави „Ројтерс“, повикувајќи се информации на агенцијата „Интерфакс“.

Очевидци велат дека од магацинот се слушале силни детонации и дека сè изгледало страшно.

Еден од селаните тврди дека од небото паѓале шрапнели и пепел и дека има такво видео, но од „Ројтерс“ наведуваат дека досега не биле во можност да го потврдат постоењето на видеото.