Повеќе од 10.000 луѓе, меѓу кои и голем број на туристи, евакуирани се од островот Ломбок во Индонезија по катастрофалниот земјотрес што го погоди островот.

Со чамци биле евакуирани и околу 1.000 туристи од блискиот остров Гили, јави Би-Би-Си.

Организациите за пружање помош соопштија дека приоритет им се дава на жителите кои се плашат да се вратат во своите домови. Во пружањето помош учествуваат и хеликоптери и авиони, кои испорачуваат шатори и медицинска помош.

Во земјотресот со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала, кој синоќа го погоди островот Ломбок, загинаа најмалку 91 лице, јави Би-Би-Си. Дел од западните медиуми информираат дека во земјотресот загинале над 140 лица.

Националната агенција за ублажување катастрофи (БНПБ) објави дека очекува зголемување на бројот на смртни случаи, бидејќи информациите пристигнуваат од областите каде што илјадници градежни објекти се урнати или претрпеле сериозни оштетувања.

На островот Ломбок нема струја, а комуникациите се во прекин.

Индонезискиот Црвен крст на Твитер соопшти дека и помогнале на една жена да се породи по земјотресот во здравствена установа во северот на Ломбок, а мајката на детето му дала има Гемпа, што значи земјотрес.

Меѓу загинатите нема странски државјани, а повредени се 209 лица, соопшти портпаролот на БНПБ Сутопо Пурво Нугрохо.

Земјотресот беше толку силна што се почувствува и на соседниот остров Бали, каде загинаа две лица.