Десет италијански градови, претежно во Ломбардија, се ставени во изолација откако вчера беа потврдени два смртни случаи и речиси 80 заболени од коронавирусот.

Премиерот Џузепе Конте рече дека не е дозволен ниту влез ниту излез од градовите во кои е потврден вирусот, освен во посебни случаи.

Во Ломбардија, на северот на Италија, затворени се училиштата, рестораните и јавните служби, а властите ги откажаа закажаните собири.