Еден човек загина, а десетици се повредени откако силен тајфун утрово го погоди Токио. Поради тајфунот откажани се над 100 летови, а милиони домаќинства останаа без струја, пренесува Си-Ен-Ен.

Според информациите, најмалку 30 лица се повредени во префектурите Чиба, Канагава и Шизуока.

Тајфунот Факсаи, кој утрово го погоди крајбрежниот град Чиба, донесе со себе поројни дождови и ветер со јачина од 190 километри на час, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Невремето потоа се пресели над Токио и го „парализираше сообраќајот“.

Неколку железнички и метро служби ги прекинаа нивните услуги, а летовите откажани додека тајфунот минуваше преку Чиба, северно предградие на јапонската престолнина.

Владиниот портпарол Јошихида Суга изјави дека добил информација дека едно лице загинало и дека дрвјата и предметите што ги носи ветрот предизвикале голема материјална штета. Тој додаде дека се пријавени околу 900.000 случаи на прекини на електрична енергија.